Ковачиќ кариерата ќе ја продолжи во Англија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец, Матео Ковачиќ после ЕП најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид.

Ковачиќ во Реал стигна минатото лето од Интер и не се наигра. Сега е јасно дека Хрватот после една сезона ќе го напушти Сантијаго Бернабе.

Иако се зборуваше дека кариерата ќе ја продолжи во Рома изгледа дека Ковачиќ го сменил мислењето. Овој фудбалер е на мета на Ливерпул, а Јирген Клоп не ја крие желбата ова лето на Енфилд да го доведе Ковачиќ.

Реал Мадрид му плати на Интер 31 милион евра, а кралскиот клуб сака за исто толку пари да го продаде. Постои и опцијата позајмица, но тешко дека Ливерпул ќе се согласи на тоа.