Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер сити соопшти дека нивните фудбалери Ријад Марез и Ејмерик Лапорт се позитивни на ковид-19.
Двајцата фудбалери во моментов се во самоизолација во рамки со протоколот на Премиерлигата и правилата на британската Влада.
Добра вест е тоа што ниту еден од фудбалерите нема никакви симптоми на вирусот.
„Сите во клубот им посакуваат брза рехабилитација на Ријад и Ејмерик пред враќањето на тренинг и почеток на новата сезона“, соопштија од Сити.
Сезоната во Премиерлигата ќе почне на 12 септември.