Ковид-19 го нападна и Манчестер: Двајца фудбалери на Сити се заразени со вирусот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити соопшти дека нивните фудбалери Ријад Марез и Ејмерик Лапорт се позитивни на ковид-19.

Двајцата фудбалери во моментов се во самоизолација во рамки со протоколот на Премиерлигата и правилата на британската Влада.

Добра вест е тоа што ниту еден од фудбалерите нема никакви симптоми на вирусот.

„Сите во клубот им посакуваат брза рехабилитација на Ријад и Ејмерик пред враќањето на тренинг и почеток на новата сезона“, соопштија од Сити.

Сезоната во Премиерлигата ќе почне на 12 септември.