Ковид-19 му создаде главоболки на Милевски: Николов доби позитивен тест!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бобан Николов доби позитивен тест на ковид-19 и најверојатно нема да настапи на септемвриските квалификации на Македонија.

Новиот селектор Благоја Милевски треба да дебитира следниот месец на кормилото на македонската репрезентација, но очигледно ќе биде ослабен.

Николов пред неколку дена потпиша за Шериф Тираспол, а засега останува да видиме дали ќе биде повикан во селекцијата затоа што сигурно нема да биде најподготвен поради ковид-19.

Македонскиот фудбалер е еден од најстандардните во составот на Македонија и поради тоа ова е дополнителен проблем за Милевски, кој претходно остана без услугите на Аријан Адеми.