Крадците на Марез му нанеле штета од 500.000 фунти, но една работа го погодила


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Медиумите во Англија вчера објавија дека Ријад Марез е мета на крадци и дека тој бил оштетен за дури 500.000 фунти.

Марез останал во шок кога се вратил во својот стан затоа што веднаш видел дека вратата е отворена и сфатил за што станува збор. Алжирецот пријавил оштета од дури 500.000 фунти, а уште три станови биле ограбени во истата зграда.

Алжирецот потврди дека му биле украдени три екстремно скапи часовници, неколку ретки фудбалски дресови и парче златен накит. Марез објави дека украден часовник „Ричард Мајл“ кој чинел неверојатни 230.000 фунти.

Покрај овој часовник, украдени се и Ролекс Дејтона од 40.000 фунти и Ролекс Деј Дејт од 35.000 фунти. Исто така, украдена е сума пари од 50.000 фунти, како и ретки фудбалски дресови во вредност од дури 150.000 фунти.

Марез е еден од ретките кој го поседуваше часовникот Ричард Мајл, но рече дека бил најпогоден од крадците кои ги украделе дресовите што ги собирал со години. Полицијата објави како изгледаат украдените часовници, но сите се свесни дека ќе биде тешко да се најдат.