Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди ќе ја продолжи кариерата во ПСЖ како позајмен фудбалер, ако може да им се верува на италијанските и француските медиуми.
Аргентинецот ги договорил условите за едногодишната позајмица, а претходно мораше да го продолжи договорот со „нераѕурите“ до јуни 2022 годиина.
Интер на таков начин сакаше да се заштити од ризикот Икарди да го загуби како слободен фудбалер во 2021 година.
Голем број медиуми пишуваат дека Икарди во 16 часот ќе слета во Париз, кадешто ќе има медицински прегледи и ќе потпише договор со францускиот шампион.
Пристигнувањето на Икарди нема да влијае на статусот на Нејмар во ПСЖ, откако на Бразилецот му пропадна трансферот во Каталонија.