Крај на историјата: Симеоне си оди, Атлетико најде наследник?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Диего Симеоне долги години е на кормилото на Атлетико Мадрид, но шпанскиот гигант оваа сезона остана и без Лига на шампиони и без Лига Европа и тоа не ги задоволува барањата на управата.

Шпанска „Марка“ објави дека екипата нема друго решение освен да продава фудбалери, а се шпекулира дека голем број играчи може да заминат уште во јануари за да се избегнат загубите.

Наводно постои бунт и меѓу фудбалерите кои не се задоволни од Симеоне,а Атлетико размислува за негова замена и веќе паднал изборот на шпанскиот селектор Луис Енрике.

Енрике би можел да ја напушти клупата во Шпанија само во случај на неуспех на Мундијалот во Катар, но што и да се случува поверојатно е да се случи смена во Атлетико на крајот на сезоната.