Крал на катастрофата: Емери во 11 меча израмни четири негативни рекорди и урна еден!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал сезонава не играат како што очекуваа, а навивачите почнаа да го губат трпението со тренерот Унај Емери, па побараа од управата да му даде отказ.

Веќе неколку дена се шпекулира дека нов тренер на Арсенал треба да биде Жозе Мурињо, а тоа може да се случи ако Емери загуби од Лестер сити.

Сепак, англиските медиуми денеска објавија дека Емери во 11 меча израмнил неколку негативни рекорди.

Тие го израмнија вториот најмал освоен број бодови уште од 1982 година, а тој изнесува само 17 бодови.

Потоа беше израмнет бројот на најмалку победи од 1981 година, кој изнесува само четири во 11 дуели.

„Топчиите“ го израмнија и рекордот на најмногу реми натпревари уште од 1975 година, а тој изнесува пет нерешени средби.

Освен тоа, тие израмнија и втор најмал број постигнати голови во веков, откако на 11 меча постигнаа 16 гола.

Освен тоа, Арсенал има најслаба гол-разлика уште од 1982 година, поточно тие имаат постигнато 16, а примено 15 голови.