„Кралевите“ напорно работат: Во наредните 48 часа Реал Мадрид ќе претстави Французин?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Управата на Реал Мадрид не сака нивниот клуб да ги разочара фановите како минатата сезона, па во следната ќе влезат со изменет состав.

Во наредната сезона во белиот дрес ќе настапуваат Еден Азар, Лука Јовиќ и Едер Милитао, а тренерот Зинедин Зидан сака уште едно големо засилување во средниот ред.

И понатаму се шпекулира за трансфер на Пол Погба, како и Кристијан Ериксен, но во меѓувреме „кралевите“ планираат да претстават уште еден фудбалер.

Нов фудбалер на „кралевите“ треба да стане 24-годишниот лев бек Ферланд Менди, кој наводно ќе пристигне во Мадрид од Лион во наредните 48 часа за 50 милиони евра.

Менди има добра сезона зад себеси, откако одигра 44 натпревари за Лион во сите натпреварувања, па постигна три гола и три асистенции.