„Кралот“ Леброн со 37 поени го предводеше Лејкерс до триумф (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс беа подобри со 105-104 од Хјустон рокетс, а на паркетот блесна Леброн Џејмс со 37 поени и осум асистенции.

„Кралот“ на теренот доби голема помош и од неговиот колега Ентони Дејвис, кој имаше дабл-дабл, односно 27 поени и 10 скокови.

Денвер нагетс загуби на гостувањето кај Кливленд кавалирс со 109-121, а Никола Јокиќ постигна само 18 поени и 10 скокови, додека најефикасен беше Гарланд од Кливленд со 26 поени.

Далас маверикс загуби на домашен паркет од Сакраменто кингс со 113-129, додека Лука Дончиќ постигна 25 поени и 10 скокови.