Креспо: Го разбирам Лукаку, јас си купив и куќа во Милано, а потоа ме продадоа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ромелу Лукаку минатата година го напушти Интер и се пресели во Челси за 113 милиони евра, а во Лондон не ги оправда очекувањата на премиерлигашот.

Ова лето Белгиецот се врати во тимот од Милано на позајмица, а нешто слично му се случи на Ернан Креспо пред 20 години.

Креспо го засили Интер во 2002 година, а една година подоцна се пресели во Челси, но премиерлигашот пак го врати во Милано.

„Лукаку реши да се врати, го разбирам. Во Интер се чувствувал како дома. Јас се вратив во Италија затоа што ми беше удобно да играм во Серија А. Бев заљубен во Милано, а кога купив куќа во градот, Интер реши да ме продаде во Челси“, се потсети Креспо.