Криштопанс: Добивме многу неисполнети ветувања, Вардар ми должи пари, Самсоненко ми вети исплата…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот ракометар на Вардар, Даинис Криштопанс во интервју за рускиот медиум „Брз Центар“ зборуваше за деновите поминати во македонскиот и европски шампион.

Криштопанс имаше договор до крајот на сезоната, но го напушти Вардар поради финансиски причини.

„Вардар ми должи пари. Самсоненко кажа дека ќе ме исплати до крајот на годината. Се надевам дека ќе биде така. Атмосферата беше многу тажна. Постојано добивавме ветувања кои не се исполнуваа. Знаевме дека Михајло Михајловски ќе го преземе клубот, но него повеќе го интересираше тоа што ќе се случува следната сезона, по што заминав во Берлин“, кажа Криштопанс.

Вардар под водство на новиот газда има големи амбиции и следната сезона, па ќе се обидат да изборат фајнлфор во Лигата на шампиони, а можеби и ќе успеат повторно да го вратат трофејот.