Кристал Палас го продава Заха, Манчестер Јунајтед трие раце


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вилфред Заха побарал да биде продаден од редовите на Кристал Палас овој летен преоден рок.

Одличниот крилен фудбалер побарал да остане во Лондон и да биде продаден во Арсенал, клубот за кого навивал од детството.

Сепак, ваквиот трансфер воопшто нема да биде лесен за реализација затоа што од Кристал Палас бараат 80 милиони фунти, сума која ни од далеку не е прифатлива за Арсенал.

Треба да се напомене дека и Манчестер Јунајтед ќе има добивка од трансферот на Заха и тоа 25% приходите ќе одат во касата на клубот од Манчестер.