Кристал Палас со амбициозен обид да обезбеди француски репрезентативец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристал Палас ќе тргне во амбициозен обид во јануарскиот преоден рок да го обезбеди потписот на францускиот репрезентативец и член на Челси, Оливие Жиру.

Искусниот напаѓач не е во прв план кај Френк Лампард особено по одличните настапи на Тами Абрахам кој засега е неприкосновен во нападот на „сините“ од Лондон.

Кристал Палас пак е во потрага по докажан голгетер откако Кристијан Бентеке не успеа да ги оправда очекувањата па се очекува тој да си замине од клубот во скоро време.

Освен Жиру, Кристал Палас ќе се обиде да го донесе Мичи Батсуаи од Челси кој одреден период помина во редовите на Кристал Палас како позајмен фудбалер.