“Кристијано е беспрекорен на ЕП“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еве што имаше да каже селекторот на репрезентацијата на Португалија пред натпреварот со Велс.

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија Фернандо Сантош рече денеска дека неговата екипа против Велс сака да испише нова страница во историјата и оцени дека полуфиналето не е само дуел меѓу Кристијано Роналдо и Герет Бејл.

„Сакаме да влеземе во историјата. Нормално, тука е и минатото, што е важно за сите, но само сакаме да испишеме сопствена историја. Од почеток на натпреварувањето се трудиме тоа да го направиме, а денеска е само уште еден чекор кон таа цел“, рече Сантош.

Португалија вечерва ќе се сретне со Велс во полуфиналето на ЕП.

„Знаеме колку тешко ќе биде да се направи историскиот исчекор, но во натпреварот влегуваме со скромност и со став како и секогаш. Велс досега имаше одличен турнир. Поминаа во една од најтешките групи на првенството, а потоа Белгија…и тоа не ја победија тесно, веќе со 3:1. Исклучително го ценам и нивниот селектор Крис Колман“, рече Сантош.

На прашањето на новинарите да го искоментира дуелот меѓу Кристијано Роналдо од една од Герет Бејл од друга страна, Сантош рече дека денешниот натпревар не е дуел само меѓу нив двајца.

„Тие се играчи кои имаат искуство и знаат да се носат со притисок каков што пред овој меч. Тоа не е ништо поголем притисок отколку вообичаен. Денешниот меч не е само Роналдо против Бејл, веќе дуел меѓу играчи од двете селекции“, рече Сантош.

Тој потоа го пофали Роналдо и рече дека е фудбалерот на Реал Мадрид е „беспрекорен“ во текот на континенталниот шампионат.

„Кристијано е вистински пример како треба да се однесувате на големи натпреварувања. Неговото однесување на тренинзи и кон играчите е беспрекорно на ова натпреварување“, рече тој.

Сантош за денешното полуфинале нема да може да смета на суспендираниот Вилиљам Карваљо, додека Пепе е под знак прашање поради лесна повреда на бутниот мускул.

Полуфиналниот натпревар на ЕП меѓу Португалија и Велс се игра денеска од 21:00 часот во Лион.