Кристијано Роналдо е фудбалски Бог во – Кина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо е највлијателен фудбалер на онлајн-платформа во Кина, а тоа го покажува годишниот извештај на дигиталната маркетинг агенција „Мејлман“.

„Ројтерс“ објави дека Португалецот втора година по ред зад себе го остави аргентинскиот ривал Лионел Меси, како и бразилскиот фудбалер Нејмар.

Фудбалскиот клуб Барселона е најпопуларен тим во голем број држави на светот, пред Реал Мадрид, а на трето место е Челси, кој стана највлијателен клуб во Кина, откако ги премина Манчестер јунајтед и Ливерпул, кои традиционално имаа голема популарност.

Англиската Премиерлига е највлијателно фудбалско првенство, пред шпанска Ла Лига и германската Бундеслига.