Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Кристиjано Роналдо беше вистинска сензација во светот на фудбалот кога се појави во дресот на Манчестер Јунајтед.
Португалецот беше освежување на фудбалската сцена во тоа време, тој веднаш докажа дека се работи за неверојатен талентиран фудбалер. Роналдо обожаваше на натпреварите да се забавува со дриблинзи поради кои стана многу познат.
Меѓутоа, во претходните неколку години не можеме да видиме ситуација кога тој ќе ја превземе топката и ќе одлучи малку да се позабавува со противничките фудбалери.
Многу од неговите фанови му се „налутени“ поради тоа што веќе не дрибла на натпреварите и не ги изведува своите добро познати потези. Поради тоа, Роналдо одлучи да објасни зошто престана да го прави тоа.
„Фудбалот го гледам како мисија. Излегувам на терен, победувам и со тоа се подобрувам прво себеси а потоа и тимот. Моментите кога излегував на терен и кога зборував дека ќе дриблам и ќе се забавувам се минато. Да бидам искрен веќе немам потреба за тоа. Сега цел ми е мојот тим да победи и пробувам да го најдам најлесниот начин да дојдеме до тоа“, изјави Роналдо.