Кристијано Роналдо постави негативен рекорд со синоќешниот пораз


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговиот Јувентус загуби во финалниот натпревар од Купот на Италија на Олимпико против Наполи по пенал рулетот.

Ова е за Роналдо за прв пат во неговата кариера да загуби две последователни финалиња во некое куп натпреварување, бидејќи тој загуби и во Супер купот од Лацио на почетокот од оваа сезона.

Со синоќешниот пораз, Португалецот ја пропушти втората шанса за освојување на Купот на Италија затоа што Јуве ниту минатата година не го освои овој трофеј, а интересно е што тој го освои четирипати по ред пред доаѓањето на Роналдо.

Покрај поразот во финалето, Роналдо покажа уште еден многу бледа партија. После потфрлувањето во полуфиналниот реванш пред неколку дена против Милан, Португалецот беше прилично невидлив синоќа, а за време на пенал серијата дури и не дочека да дојде на ред да шутира бидејќи Наполи ја реши работата пред тоа.

Без оглед на сè, треба да се каже дека Роналдо е најдобриот играч на Старата дама оваа сезона со 25 гола на сите натпреварувања.