Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристиjано Роналдо минатото лето одлучи после девет години да го напушти Реал Мадрид и да склучи договор со торинскиот Јувентус.
Португалецот на заминување се одлучи кога претседателот на Кралевите, Флорентино Перез одби да му ја зголеми платата. Торинскиот великан тоа едвај го чекаше, му плати на Роналдо 30 милиони евра по сезона, а банкарската сметка на Реал се збогати со 105 милиони евра.
И покрај тоа што Роналдо ужива со фамилијата во Торино, шпанскиот новинар Роцио Мартинез вчера-вечер во една ТВ емисија објави дека Кристијано не е среќен во Италија и дека му е криво што го напуштил Реал.
„Кристијано се кае што дојде во Јувентус“, изјави Мартинез и продолжи:
„И покрај се јас сметам дека тој направи голема грешка што донесе таква одлука“, истакна овој шпански новинар.
Сепак, твдењата на новинарот Томас Ронкеро кој пишува за популарниот весник АС се уште поневеројатни каде што тој тврди дека можно е Кристијано да се врати во Реал.
„Само ова ќе ви го кажам. Враќањето на Зидан изгледаше како невозможна мисија, но се случи. Затоа сметам дека Реал размислува да го врати Роналдо“, рече Ронкеро.
Секако, овие изјави треба да се земат како резерва. Никој од нив нема наведено од каде почнуваат нивните информации и колку се тие веродостојни, најверојатно се само обични приказни.
Кристијано Роналдо во првата сезона со италијанскиот великан игра фантастично. Настапи на 38 натпревари и има постигнато 26 погодоци и 12 асистенции.