Кризата удри и на Ѓоковиќ: Ноле заработил помалку отколку во 2019!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја заврши годината на првото место, по шести пат во кариерата, но неговата заработка годинава беше помала од претходната.

Ѓоковиќ во 2020 година заработи шест ипол милиони долари само од турнири, а тоа е помалку од минатата година, кога доби 13,5 милиони долари, додека во 2015 година заработи дури 21,6 милиони долари.

Помалку имаше само во 2017 година кога половина сезона беше надвор од теренот поради операција на лактот и во 2010 година, кога буџетите на АТП беа помали.

Секако, виновна за „малата“ заработка е пандемијата на вирусот, зашто тенисерите беа на принуден одмор од март до август.