Крос донел тешка одлука: Стојам зад тоа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот фудбалер Тони Крос не можеше да присуствува на доделувањето на наградите на „Билд“ поради грипот кој го спречи, но се заблагодари за наградата, по што одговараше прашања на читателите.

Едно од нив беше поврзано за почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, кој го критикуваше откако Германија испадна на ЕП 2021 од Англија.

„Хенес кажа дека мојот фудбал е застарен и тоа ме мотивираше. Иако ми пречеше на почетокот, сепак станав подобар“, вели Крос.

Освен тоа, Крос доби прашање за неговата иднина во репрезентацијата, откако претходно реши да ја напушти.

„Стојам зад одлуката која ја донесов. Не можам ништо да променам“, кажа Германецот.