Крос: Нема да дозволам Шпанија да ме испрати во пензија!


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Германија утре ќе се соочи против Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП), а тоа би можел да биде и последен настап во кариерата на Тони Крос.

Крос на крајот на минатата клупска сезона реши да замине во пензија, па му останува уште ЕП со Германија.

„Ќе ми недостига фудбалот, но нема да создавам драма пред пензионирањето. Се надевам дека нема Шпанија да ме испрати во пензија. Ние сме Германија и секогаш имаме највисоки амбиции, а целта ни е освојување на титулата“, кажа Крос.

Дуелот меѓу Шпанија и Германија се игра утре во Штутгарт од 18 часот.