Кубо воодушеви, но за него нема место во Реал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Талентираниот Јапонец играше многу добро во припремните натпревари. Покажа исклучителен талент, но за него нема да има место во првиот тим кај Зинедеин Зидан.

Тој во својата прва сезона во Ла Лига ќе апочне во дресот на Ваљадолид. Раководството на кралскиот клуб одлучи да го пушти на позајмица, сметајќи дека е многу подобра опција отколку да игра за Реал Кастиља.

Кубо во дресот на Ваљадолид ќе има шанса да се покаже на големата сцена. Нема дилеми дека ќе биде добро засилување за овој клуб и дека ќе има шанса да покаже што знае.

Ла Лига сигурно е голем предизвик за 18-годишниот Јапонец, а Ваљадолид сигурно ќе добие многу нови фанови во неговата земја.