Кудуз: Шлаканицата од Монпелје нѐ разбуди и можеби ќе донесе нешто позитивно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Анте Кудуз се врати во тимот на Веселин Вујовиќ и се надева на победа во мечот против Алборг во Лигата на шампиони (ЛШ).

Вардар загуби во претходното коло од Монпелје во СЦ „Јане Сандански“, а Хрватот смета дека тој пораз ќе ги разбуди и ќе донесе нешто позитивно за екипата.

„Алборг сигурно ќе сака реванш за поразот во Скопје. Ние доживеавме еден ‘ладен туш’ против Монпелје и можеби таа ‘шлканица’ ќе донесе нешто позитивно, ќе биде причина да се разбудиме. Натпреварот утре сигурно ќе биде различен од оној во Скопје. Верувам дека сега се подобро подготвени, а и ние знаеме добро како играат. Поради тоа не очекувам многу тактички изненадувања“, кажа Кудуз.