Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар од следната сезона ќе може да смета на услугите на Анте Кудуз, кој ќе пристигне од Динамо Букурешт и ќе потпише двегодишен договор.
Кудуш во разговор со „Балкан хендбол“ зборуваше и за Вардар, а притоа кажа дека едвај чека да го облече „црвено-црниот“ дрес.
„Вардар за мене е чекор напред во кариерата. Сакам да се надигрувам со најдобрите. Едвај чекам да игра со најдобрите и да го облечам дресот на Вардар. Сакам да се наметнам во екипата, а се надевам и дека ќе помогнам да го вратиме клубот каде што му е местото“, кажа Кудуз.
Вардар ќе се обиде во следната сезона да се бори за највисок пласман и во Лигата на шампиони.