Култот „Енфилд роуд“ во досега невидено издание


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ливерпул се враќа на „Енфилд роуд“ по паузата од неколку месеци. Црвените ќе бидат домаќини на Кристал Палас.

Атмосферата на култниот стадион ќе биде сосема поинаква од вообичаеното. Натпреварот ќе се одигра без публика, па сигурно ќе биде невообичаен за Јуирген Клоп и неговите играчи.

Сепак, навивачите на Ливерпул се погрижија нивното омилено место вечерва да изгледа необично и во досега невидено издание.

Имено, на трибините веќе се поставени знамиња и транспаренти со ознаки на „црвените“ за да го направат „Енфилд роуд“ поубав пред камерите.