Кулушевски го напушта Јувентус и се сели во Лондон


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски ќе си ја бара среќата далеку од Јувентус, а италијанските медиуми пишуваат дека фаворит за неговиот потпис е Арсенал.

Тренерот Масимилијано Алегри не му верува премногу на Кулушевски и не му дава шанса, па поради тоа Кулушевски бара друг предизвик.

Кулушевски има само 21 година и му се предвидува светла иднина, а веќе многупати покажа дека е квалитетен фудбалер.

Засега не е познато колку пари планира да вложи Арсенал за да го купи Кулушевски, но сигурно ќе мора да се потруди за да го добие неговиот потпис.