Кулушевски има огромна молба за Ибрахимовиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Јувентус, Дејан Кулушевски избра да настапува за Шведска, а сега испрати голема молба со неговиот ривал од Милан, Златан Ибрахимовиќ.

Кулушевски кажа дека е во контакт со Ибрахимовиќ и го повика да се приклучи на репрезентацијата, а тоа е нешто што веќе долго време се најавува во јавност.

„Со Златан сме во контакт цело време, тој е мој идол. Навистина е неверојатно тоа што тој го прави, понекогаш добивам пофални зборови и тоа ме прави горд и ме мотивира да работам уште повеќе. Се надевам дека ќе ни се приклучи и ќе игра со нас на Европското првенство, ајде Златан те чекаме приклучи ни се“, кажа Кулушевски.

Последниот натпревар во репрезентацијата Ибрахимовиќ го одигра уште во 2016 година.