Куман допрва треба да стане тренер на Барселона, а веќе го знае првото засилување!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот од Холандија, Роналд Куман наскоро ќе биде поставен за нов тренер на Барселона. Каталонците го отпуштија Кике Сетиен синоќа и сега официјално се чека потврда за новиот стратег.

Куман веќе има една желба за трансфер-периодот, а тоа е фудбалер кој го сакаше Реал Мадрид. Станува збор за 23-годишниот Дони Ван де Бек, играч на Ајакс, кој се прослави минатата сезона во Лигата на шампиони.

Ван де Бек би можел да заигра повторно со Френки де Јонг, а не е исклучена можноста и да се случи некаква размена, односно Луис Суарез да биде испратен во Амстердам.

Останува да видиме како ќе се одвиваат преговорите во следните денови, но секако Ван де Бек е една од желбите на Куман.