Куман го доведе првото засилување!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Новиот менаџер на Eвертон, Роналд Куман го доби првото засилување за новата сезона.

Со заминувањето на Тим Хауард заврши една ера на “Гудисон Парк”, а новиот менаџер на тимот го пополни празното место со својот сонародник. Чувар на мрежата на

Евертон наредната сезона ќе биде искусниот Мартин Стекеленбург.

Куман и Стекеленбург ќе имаат прилика трет пат да соработуваат, претходно заедно беа во Ајакс и Саутемптон.

“Куман ме повика после само неколку дена откако стигна во Евертон. Не ми беше тешко да одлучам, тој е еден од најдобрите тренери во светот и има доверба во мене што ми е многу важно”- изјави Стекеленбург.