Куман пуштен на домашно лекување по операција на срцето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холандскиот тренер Роналд Куман во неделата беше примен во болница во Амстердам поради проблеми со срцето.

Куман бил префрлен во болница со брза помош. Тој се пожалил на проблеми со срцето, а за среќа неговата сопруга реагирала експресно.

Селекторот на Холандија беше подложен на операција и му бил вграден стент. Вчера беше потврдено дека сè поминало добро и Куман се опоравува како што било планирано.

Холандските медиуми денес објавија дека Куман ја напуштил болницата и дека ќе продолжи да се опоравува дома. Се шпекулираше дека Куман бил заразен со коронавирус, но таквите информации биле експресно демантирани.

Куман по напуштањето на болницата изјави дека се чувствува добро и наскоро ќе биде подготвен да се врати на својата работа.