Куман си оди од Барселона со рекорд – втор најлош тренер во последните две децении!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холанѓанецот Роналд Куман сезонава очајно ја предводеше Барселона и поради тоа заработи отказ, па сега тимот од Каталонија бара негова замена.

Куман не можеше да ја пронајде идеалната тактика без Лионел Меси за да може да се бори за титулата, но по вчерашниот пораз од Рајо Ваљекано немаше друг избор освен да добие отказ.

Статистиката покажува дека Куман бил вториот најлош тренер на Барселона во претходните две децении. Тој победил на само 28 меча од 48 натпревари, па полош од него е само Радомир Антиќ, кој ја водеше каталонската екипа до триумф на девет дуелио од 18.