„Куман воопшто не беше лош во Барселона, со него го освоивме шпанскиот Куп“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона вечерва ќе се соочат против Бенфика на домашен терен во групната фаза од Лигата на шампиони (ЛШ), а ова ќе биде прв натпревар за новиот тренер Чави Ернандез во елитното натпреварување.

Каталонците не смеат вечерва да направат кикс на домашен терен, па само триумф ќе ги остави во битката за нокаут-фазата.

Доколку Барселона слави против Бенфика, тогаш нема да треба да ја решаваат својата судбина во последното коло против Баерн Минхен.

На прес-конференцијата пред незгодниот натпревар во ЛШ зборуваше и Алба, кој го пофали поранешниот стратег Роналд Куман.

„Немам лоши зборови за Куман. Тој беше добар во екипата, го освоивме Купот кога најмалку се очекуваше. Благодарен сум му за тоа што го постигнавме со него“, кажа Алба.