Кунде по секоја цена сакал трансфер во Челси, но сè пропаднало поради еден човек!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона летово се засили со неколку квалитетни фудбалери, а еден од нив е Жил Кунде, кој пристигна од Севиља, иако долго време се поврзуваше со трансфер во Челси.

За неговите услуги долго време заинтересиран беше Челси, а дури и Кунде сакал да се пресели во Лондон, но сепак на неговата конечна одлука влијаел тренерот Чави Ернандез.

Во меѓувреме, на површина се појави причината зошто Кунде не заврши во Лондон, а станува збор за поранешниот тренер на екипата, Томас Тухел.

Германецот имал шанса да го убеди Французинот да потпише за „сините“, но не успеал во неговата намера, па тоа го искористи каталонскиот гигант.

На Кунде не му се допаднал пристапот на Тухел и поради тоа решил да ја избере Барселона.