Куртоа ги потсети навивачите на Атлетико на најболната рана (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгискиот голман Тибо Куртоа се жалеше кај судијата на мечот меѓу Атлетико и Реал затоа што бил гаѓан од трибините со различни предмети од противничките навивачи.

Навивачите на Атлетико не му простуваат на Куртоа, кој во минатото го носеше нивниот дрес, но потоа се пресели во Реал Мадрид и ги предаде.

Шпанските медиуми пишуваат дека Куртоа се карал со навивачите на Атлетико уште на загревањето пред мечот, а притоа одговорил на провокациите со низок удар.

Куртоа им ја покажал тетовираната титула во Лигата на шампиони, па така ги потсетил навивачите на најболната рана затоа што Атлетико никогаш не успеа да го освои трофејот во елитата.