Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо ова лето пристигна во Баeрн на позајмица од Барселона.
Кутињо беше најскапото засилување во историјата на Барса, но на Камп Ноу не успеа да се докаже, па така клубот летово одлучи да го испрати на позајмица во Баерн. На Бразилецот не му оди баш најдобро во минхенскиот клуб, но сигурен е дека ќе биде се подобар како изминува сезоната.
Овој везен во досегашниот дел од сезоната има постигнато три погодоци за Баерн, но со своите партии сеуште не го покажа тоа што се очекува од него. Сепак и покрај тоа Кутињо е многу среќен во клубот од Минхен.
„Многу добро се чуствувам овде и среќен сум. Планот ми е да останам овде оваа сезона и фокусиран сум на тоа. Овде ми одговара се и не кријам дека би сакал да останам во Баерн подолго од една сезона“, рече Кутињо.
Баерн моментално минува низ турбулентен период после отказот кој му беше доделен на Нико Ковач. Клубот сеуште нема донесено нов тренер, а шансите тоа да се случи во јануари се огромни. Тимот моментално е предводен од Ханси Флик кој донесе некои промени во тимот.
„Го разбираме неговиот начин на тренинг и играме добро. Работите одат како што треба и оно што е најважно тренерот донесе новина во клубот. Се чуствувам како да сум важен дел од тимот, но пред нас има уште многу работа“, додаде Бразилецот.
Јасно е дека Кутињо на секој начин пробува да им докаже на управата на Баерн да го откупат неговиот договор наредното лето бидејќи веќе не сака да се враќа во Барселона.