Кварацхелија: Оваа победа нема да ја промени историјата, но ни беше потребна!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Квича Кварацхелија вчера постигна одличен погодок против Македонија во победата од 3-0 на Грузија, а потоа кажа дека е среќен поради одмаздата.

Грузија успеа да слави и да направи чекор напред во битката за првата позиција во групата, па сега Македонија само со чудо би стигнала до врвот на табелата.

„Сакам да им честитам на моите соиграчи. Кај нас постоеше голема желба за одмазда, но оваа победа нема да ја промени историјата. Сепак, ни беше потребна победата и сега следи меч со Бугарија, па се надеваме на нови три бодови и радост кај нашите навивачи“, кажа Кварацхелија.

Грузија има девет бодови на првата позиција на табелата, односно пет повеќе од Македонија.