Ла Лига поднесе тужба до УЕФА поради ПСЖ и Манчестер сити!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанската Ла Лига поднесе тужба до Европската фудбалска унија (УЕФА) во која тврди дека ПСЖ и Манчестер сити го прекршиле финансискиот фер-плеј со трансферите на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Шпанците тврдат дека парите кои ги заработуваат клубовите од Англија и Франција „вештачки го рушат пазарот, а парите не се заработени во самиот фудбал“.

„Ла Лига смета дека нерегуларното финансирање на овие клубови се врши преку директни инјекции на пари или низ спонзорски и други договори кои не одговараат на пазарните услови и немаат економска смисла“, сметаат од Ла Лига.

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас се налути откако ПСЖ неодамна ја доби битката за Килијан Мбапе, кој требаше да се пресели во Реал Мадрид.