„Ла Република“: Интер нуди примамлива понуда за ѕвезда на Лацио


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Преодниот рок во Англија заврши, а Манчестер јунајтед не успеа да го реализира трансферор на Сергеј Милинковиќ – Савиќ, па поради тоа Србинот сега би можел да се пресели во друг европски гигант.

Милинковиќ-Савиќ, наводно, се наоѓа блиску до трансфер на Интер, според информациите на италијанска „Ла Република“.

Интер наскоро ќе испрати понуда, која ќе биде составена од 90 милиони евра плус двајца фудбалери, а станува збор за Матео Политано и Роберто Галијардини.

Останува да видиме дали Лацио е подготвен да ја пушти својата ѕвезда во моментов, со оглед на тоа дека тешко ќе најде замена.

Да потсетиме, преодниот рок трае до втори септември во Италија.