„Ла Република“: Мурињо ќе биде нов тренер на Реал Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот магазин „Ла Република“ објави вест која ги крена Апенините на нозе. Новинарите објавија информација дека Жозе Мурињо ќе ја напушти Рома и пак ќе го преземе шпанскиот гигант Реал Мадрид.

На Карло Анчелоти засега му оди добро во Мадрид, иако сезонава имаше мала резултатска криза, но сепак претседателот на тимот, Флорентино Перез планирал да го врати Мурињо во екипата пред почетокот на следната сезона.

Перез сака да го врати Мурињо во клубот, кој и претходно ги тренираше „кралевите“ во период од 2010 до 2013 година, но освои само три трофеи и беше немоќен во однос на Барселона.