Лацио подготви 12 милиони евра за „замената“ на Давид Силва!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лацио деновиве се поврзува со многу фудбалери, а еден од играчите кои се поврзуваше со нив беше Давид Силва, кој сепак реши да се пресели во Реал Сосиедад, но клубот од Рим му најде замена.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Лацио е подготвен да плати 12 милиони евра за фудбалерот на Барселона, Рафиња, кој е на позајмица во Селта и нема да добие шанса во каталонскиот клуб.

Рафиња има договор до 2021 година со каталонскиот клуб, но јасно е дека летово ќе си замине од „Камп Ноу“, освен ако нема намера да биде во резервите на новиот тренер Роналд Куман, кој има целосно нова идеја за следната сезона.

Рафиња има искуство со играње во Италија, со оглед на тоа дека во 2018 година беше на позајмица во Интер.