Лајпциг уште по 45. минути му ги спакува куферите на Мурињо: Тотенхем во Германија изгледа како второразреден тим (Видео)

Екипата на Ред Бул Лајпциг си ја реши работата уште по првите 45 минути од возвратниот натпревар против Тотенхем.

Германците имаат предност од 2:0 по првите 45. минути и поради предноста од првиот натпревар кој го добија со 0:1 имаат недостижна предност и речиси сигурно ќе играат во четвртфиналето.

Сабицер беше стрелец на двата погодоци за Лајпциг, а тимот на Жозе Мурињо изгледа навистина очајно на средбата во Германија.