Лајпциг загуби од Франкфурт, Елмас дебитира во Бундеслигата (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Лајпциг беа поразени на домашен терен со 0-1 од Ајнтрахт Франкфурт во 17. коло од германската Бундеслига, а мечот го одбележа и дебито на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Гостите го постигнаа голот за победа уште во седмата минута преку Анзгар Кнауф, а Лајпциг почна да се буди во продолжение од средбата и имаше голем број шанси.

Елмас влезе во игра во завршницата од мечот, но немаше доволно време да направи нешто посериозно и да го спаси тимот од пораз.