Лаказет го напушти Арсенал и се врати во Франција (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот француски репрезентативец, Александре Лаказат го напушти Арсенал, откако му заврши договорот, па веднаш си пронајде нов клуб каде што ќе игра во следните сезони.

Францускиот напаѓач реши да се врати дома, односно во екипата на Лион со кој потпиша договор до 30 јуни 2025 година.

Лаказет е второ засилување за Лион, откако претходно клубот го ангажираше Реми Риу, но не мисли да запре само на овие фудбалери.

Лион ја заврши сезоната на осмата позиција, но следната сезона има поголеми амбиции, па нивниот план е да се вратат во европските натпреварувања.