Лампард носи „отпишан“ фудбалер за врска од Реал Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси, според британските медиуми, ќе биде активен во следниот преоден рок. Тие го ангажираат Хаким Зијех и сега се обидуваат да го ангажираат Дрис Мертенс да дојде на „Стемфорд бриџ“.

Британските медиуми објавија дека тренерот Франк Лампард во својот тим го сака и Лукас Васкез на кој не сметаат премногу во Реал Мадрид, а тоа сака да го искористи лондонскиот гигант.

Со оглед на тоа дека Васкез има договор до 2021 година, се шпекулира дека Реал ќе го пушти за помала сума, а покрај Челси за него интерес покажаа Валенсија и Севилја.

Васкез сезонава во Ла Лига настапи на 14 натпревари за „кралевите“.