Лампард откри дали Рос Баркли ќе си замине од Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последно време Рос Баркли се поврзуваше со трансфер во редовите на Вест Хем.

Дејвид Мојс е во потрага по играч од средиот ред, а откако му пропадна можноста да го добие Гедсон Фернандеш, искусниот стратег се свртил кон Рос Баркли.

Сепак, како што стојат работите Баркли нема да се пресели во градскиот ривал на „сините“ и ќе остане во Челси.

„Не се зборува никаде дека Рос Баркли ќе си замине. Тој е наш играч, ги играше последните неколку натпревари и одигра навистина добро.  Има одредени околности зошто Рос не играше многу оваа година, но јас имам доверба во него. Многу сум среќен со него“ –изјави Френк Лампард.