Лампард откри зошто го пуштил Давид Луиз да си замине од клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По изненадувачкиот трансфер на Давид Луиз од Челси во Арсенал со свој коментар се јави и тренерот на „сините“, Френк Лампард.

Луиз го навлече гневот на навивачите на Челси, но Лампард смирува и вели дека тој ја донел оваа одлука затоа што во тој дел од теренот има доста опции.

„Имавме доста разговори минатата недела, искрени разговори затоа што го знам Давид добро и мислам дека заклучокот од нив предизвика тој да си замине. Во тој дел од теренот имаме доста опции и низ целата година ќе има конкуренција. Немам еден или двајца фудбалери кои сигурно ќе стартуваат на секој натпревар, -истакна Лампард.