Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул повторно тргнува по услугите на 25-годишниот Набил Фекир, кој лани беше на чекор да потпише со англискиот вицешампион, но не успеа да ги помине медицинските прегледи.
Тренерот Јирген Клоп повторно го сака Фекир за кој Ливерпул ќе му плати 50 милиони евра на Лион.
Лион минатиот месец соопшти дека нема да му застане на патот на Фекир и дека летово ќе прифати понуда за да заработат нешто од неговиот трансфер.
„Благодарни сме му на Фекир за тоа што го даде на клубот, но имаме договор и мора да го пуштиме да замине“, кажа претседателот на Лион, Жан-Мишел Оле.
Фекир минатата сезона одигра 39 меча за Лион и постигна 12 голови и девет асистенции.