Лапорта ги налути навивачите: Барселона ќе остане во Суперлигата!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Во претходните денови се „тресеше“ светскиот фудбал поради тоа што 12 клубови објавија дека е формирана европска Суперлига, а таа идеја траеше помалку од 72 часа бидејќи екипита мораа да се повлечат по притисокот на навивачите и УЕФА.

Идејата беше на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а во Суперлигата требаше да играат Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер, Милан, Челси, Арсенал, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Тотенхем, Ливерпул и Барселона.

Речиси сите се откажаа од Суперлигата освен Јувентус, Реал Мадрид, а сега и Барселона преку соопштение потврди дека нема да се повлече од натпреварувањето, иако сите сметаа дека Жоан Лапорта не сака да биде дел од него.

Барселона официјално потврди дека останува во Суперлигата, но исто така соопшти дека лигата треба да работи на реформа.