Лапорта искрен: Пике страда, Меси ме жали, а Мадрид нè гази!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жоан Лапорта, првиот човек на Барселона, одржа прес-конференција пред акционерите во клубот, а зборуваше за голем број теми, како што се иднината на Жерар Пике, Лионел Меси, законот „против Барселона“ и финансиската состојба.

Лапорта кажа дека Пике во моментов страда затоа што има тежок период на приватен план бидејќи се разделува од долгогодишната партнерка Шакира.

Претседателот на Каталонците кажа дека на Меси мора да му се поклонат за сè што направил за клубот, но тажен е затоа што морал така да си замине.

„Многу сум тажен кога ќе се сетам на Меси, но мора да му оддадеме признание“, вели Лапорта.

Лапорта се пожали дека бил донесе „закон против Барселона“. Тој смета дека луѓето во Мадрид го толкуваат фер-плејот како што им одговара на нив.